На крузерот кој е закотвен во Јапонија има 70 заразени од „Коронавирус“ -Тројцата Македонци кои се на него, не се меѓу заразените !

612

Шест нови случаи на заболени од коронавирус се пријавени денеска меѓу патниците на крузерот „Дајамонд принцес“ закотвен крај јапонскиот град Јокохама, со што вкупниот број на заразени достигна 70.

Крузерот со речиси 3.700 патници, меѓу кои и тројца македонски државјани, се наоѓа во двонеделен карантин на пристаништето. Според последните информации, ниеден од македонските државјани не е заразен од коронавирусот, но тие, како и останатите патници, остануваат во карантин.

Крузерот ја напуштил Јокохама на 20 јануари, а се вратил на 3 февруари од кога е во карантин.Меѓу патниците бил и кинески државјанин заразен со коронавирус, кој на 25 јануари се симнал во Хонгконг.

Јапонските власти решија да го стават бродот во двонеделен карантин, за да се спроведеат медицински тестови над сите патници.