На полноќ започнува референдумскиот молк

0
59

Вечерва на полноќ започнува молкот во пресрет на референдумот за промена на името кој ќе се одржи в недела.

„Референдумскиот молк почнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28 септември 2018 година (петок) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30 септември 2018 година. За време на молкот треба да престанат сите облици на јавна пропаганда поврзана со референдумот“, соопшти  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќањето на Договорот на Република Македонија и Република Грција?”.

Референдумот за името ќе биде консултативен, што значи дека цензусот е помал во однос на тоа кога референдумот би бил обврзувачки, односно да би бил успешен потребно на реферндум да излезат половина од вкупниот број на гласачи или нешто повеќе 900 илјади, и половина од нив да гласаат „за“, а право на глас имаат 1.806.336 гласачи, кои се запишани во Избирачкиот список, кој беше заклучен на 10 септември.

ugg boots cheap Референдумот ќе го надгледуваат околу десет илјади македонски и речиси 500 странски набљудувачи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here