Недостигот од работници ја качува платата во текстилството. За некои позиции се нудат и до 30.000 денари

0
386

Недостигот од работници ја качува платата во текстилството. За некои позиции се нудат и до 30.000 денари. Оваа сума во  Штип ја нуди текстилна компанија која има потреба од контролор за машка кошула. Се работи за нето плата, значи за сума која му се исплаќа директно на работникот, а придонесите се плаќаат дополнително.

Оваа понуда засега се однесува за конкретно работно место,  но дали таа веќе не зборува и за промени во текстилната индустрија, иницирани или од општата клима или од се подолемиот недостиг на работници.

Имано, само во момантов на текстилството му фалат околу 2.000 работници, што нужно ја наметнува и потребата од промени:

  • Мора да се смени негативниот имиџ за оваа индустрија, само со позитивни примери ќе има развој кој ќе биде во интерес и на фирмите и на работниците, истакна Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Во момантов, просечната плата во индустријата за производство на облека изнесува 15.500 денари. За да ги задржат добрите работници, газдите мора да бркнат подлабоко во џебот:

  • Ние работиме на стимулација на добрите работници и намерата ни е да ги задржиме во компаниите, со што ќе се зголеми и продуктивноста, кажа Благој Ситновски, сопственик на текстилна компанија.

Текстилната, кожарската и чевларската индустрија вработуваат 65.000 лица или 20 отсто од вкупниот број вработени во државата. Текстилни компании во земјава има 800 со 35  – 38.000 вработени.

Извозот на текстилната индустрија изнесува околу 600 милиони долари и учествува со близу 14 отсто од вкупниот извоз на Македонија.

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here