Нелегален превозник му го скршил носот на инспектор на граничниот премин во Делчево

171

Нелегален превозник му го скршил носот на инспектор на граничниот премин во Делчево. Инцидентот се случил откако инспекторот се обидел да го легитимира превозникот, на што овој се спротиставил, но и физички го нападнал.

Според информации на ТВ Стар, инспекторот завршил со сериозни повреди на лицето и скршеница на носот.

Инцифентот го соопштуваат и од МВР, од каде информираат:

„ На Граничен премин „Делчево“ од слобода бил лишен Д.Г.(58) од с.Звегор, делчевско, затоа што физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за патен сообраќај и транспорт, при обид да изврши преглед и контрола на патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, кое тој го управувал. Д.Г. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Делчево “, информираат од Полицијата.

Осуда за инцидентот пристигна и од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Транспорт Легис“ :

„Најостро го оседува нападот на инспекторот од страна на див превозник и апелираме до надлежните да ги превезамат соодветните мерки и дополнително бараме да се стави ред“  изјави Јован Матеничарски, прет. на Здруж. на  превозници во патниот сообраќај

Во моментов се работи на целосно документирање на случајот , по што е најавена и соодветна пријава. Инаку, ова не е прв инцидент на граничниот премин Делчево во кои учесници се возачи кои нелегално вршат транспорт на патници.