Нема да има проширување на Првата лига ниту во следните години

0
178

Првата македонска фудбалска лига е најелтиното фудбалско натпреварување во државава, кое и не може да се пофали со кој знае каков квалитет.

Досега првенството го сочинуваа 10 екипи, а така ќе продолжи да биде и понатаму, најмалку во следните 4 години.

Во меѓувреме последниве месеци се појави информацијата дека дел од екипите веќе потпишуваат петиција за нејзино проширување.

Станува збор за екипите на Пелистер и Скопје, кои сезонава ја напуштија првата лига, како и екипите на Борец и Гостивар, кои беа второпласирани во двете втори лиги.

Официјално идејата сеуште никој не ја поддржал, но Управниот одбор на ФФМ веќе пресече кои тимови во кое првенство ќе се натпреваруваат, а менување на бројот на екипи во првата лига нема да се менува ниту во следните најмалку 4 години.

Освен мотивот на четирите екипи да се прошири прволигашкото првенство, не постојат издржани аргументи зошто би се презел таков чекор. Факт е дека македнскиот фудбал е далеку зад фудбалот во некои соседни земји, а проширувањето на прволигашкото првенство само би го олеснило пласманот во лигата, што несомнено би го намалило нејзиниот квалитет.

Токму од тие причини од ФФМ дури не ја ни коментираат идејата воопшто да се зголемува бројот на екипи во било кое од домашните првенства.

https://youtu.be/hXxFFD5guvY

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here