Нема извоз без инвестиции во нови технологии, тврдат бизнисмените

0
56

Инвестиции во нови технологии и унапредување на бизнисот, се клучни за зголемување на извозот, тврдат стопанствениците. Само на тој начин, нашите извозни компании ќе бидат конкурентни на странските пазари:

„За поголем развој на индустриското производството и финализирање на производи со поголема додадена вредност, потребен е специјализиран план за развој, а врз основа на истиот да се изработи стратегија за извоз на македонски производи на странските пазари во контекст на спогодбите и договорите на ЦЕФТА и Светската трговска организација. Паралелно како континуиран процес треба да се посвети внимание на креативноста,мотивацијата и усовршување на квалитетните кадри, кои ќе влијаат на зголемување на продуктивноста кај домашните компании кои се двигатели на економскиот раст“, изјави Трајан Ангеловски, член на УО на ССК.

Освен технологија, неопходен е и квалитетен и квалификуван кадар. Поради ова, стопанството мора д аја зголеми соработката со со високите и стручни образовни институции со цел теоријата и праксата да се преточат во знаење, што ќе продуцираат висока продуктивност, рентабилност и економичност во работењето на компаниите:

„За компаниите покрај искусен кадар потребен е и свеж кадар кој ќе придонесува за развој на новите технологии. Ваквата соработка значи чекор понатаму во создавањето генерации млади луѓе подготвени да се справат со предизвиците на современото бизнис опкружување. Заедничкото делување на образованието и бизнисот треба да имаат за цел надоградување на стекнатото знаење преку практични примери од секојдневното работење. Младите студенти кои понатаму ќе бидат дел од пазарот на труд, треба да имаат навремена подготовка за успешно интегрирање. На тој начин ќе можеме да градиме современи и економски силни компании“, дополни Ангеловски.

Според експертите, доколку сакаме да се приклучиме кон земијите со висок технички технолошки развој потребно е минималниот процент на раст да изнесува од 7 до 9 % на годишно ниво и таквиот тренд да се одржува со континуитет од 5 до 10 години.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here