Нема мнозинство, Груевски останува пратеник – Приведен бизнисменот Орце Камчев !

0
138

Собранието не му го одзеде пратеничкиот мандат на Никола Груевски, бидејќи на денешното гласање немаше двотретинско мнозинство. За одземање на мандатот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ гласаа 58 пратеници, а против беа 29.

На пленарната седница во Собранието немаше дискусија и по кратка постапка пратениците не ја прифатија одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на Груевски поради правосилната двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“.

Груевски сега ја чека одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 по неговата жалба за одлагање на затворската казна, која требаше да почне да ја издржува најдоцна до 8 ноември.


Бизнисменот Орце Камчев и неговиот деловен партнер во неколку фирми Цветан Панделевски, инаку сопственик на „Пелистерка”, се дел од приведените по истрагата на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Империја”. СЈО соопшти дека за овој случај биле приведени пет лица.

Во случајот „Империја“ истрага се води за перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители.Утрово истражители на СЈО вршеле претрес во фирмите на Камчев и на други лица.

Во случајот „Империја“ осомничени се Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“.

СЈО соопшти дека обезбедени се доволно докази од кои произлегло основаното сомневање дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here