Home Македонија Нема најави за отпуштање на вработени кај странските инвеститори

Нема најави за отпуштање на вработени кај странските инвеститори

Во моментов ниту еден странски инвеститор не најавил отпуштање на работници, ниту пак повлекување на инвестициите, информираат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

„Неколку фабрики се очекува да бидат на поголем удар и први да го почувствуваат шокот на пазарот. Пред се тука се мисли на капацитетите што произведуваат компоненти за автомобилската индустрија за кои веќе има најава дека на глобално ниво ќе имаат прекин на производството“, информираат од Дирекцијата.

Сепак состојбата во овие зони постојано се следи, во намера доколку е потребно да се интервенира и да се спрачи отпуштање на работници:

“Ова го правиме во рана фаза од кризата согледувајќи ја оваа дестабилизација на светските економски токови, нашите очекувања се дека најголемиот шок ќе настане во вториот квартал, а со наша максимална мобилизација, преструктуирање и фокусирање на проектите закрепнувањето го очекуваме да започне од третиот квартал“, се истакнува во соопштението.

Инаку, во ТИР зоните во државата работат вкупно 26 компании и над 12.000 работници.

Само во Штипската ТИРЗ се сместени три фабрики со околу 3.000 вработени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белгија го заврши фудбалското првенство пред време – Бриж нов шампион !

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што...

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...