Нема фудбал, нема премиери на филмови ќе нема ни Евросонг !

128

Натпреварот за песна на Евровизија што требаше да се одржи во салата Ахој во Ротердам во мај, е откажан поради КОВИД-19, потврди Евровизискиот организациски тим.

Последните неколку недели, тимот ги разгледал сите можни опции за да се овозможи одржување на фестивалот, но поради мерките против ширењето на коронавирусот кои во моментов се спроведуваат во Европа, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) мораше да ја донесе оваа одлука.

ЕБУ останува во дискусија со холандските радиодифузни куќи НПО, НОС и АВРОТРОС, како и општината Ротердам, за можноста за организирање на фестивалот во Ротердам евентуално во 2021 година.

„Би сакале да му оддадеме почит на холандскиот организациски тим и на сите други кои работеа многу напорно за да го испланираат овој настан“, изјавија од ЕБУ.

Македонската радиотелевизија (МРТ) соопшти  дека ќе ги следат и почитуваат одлуките на ЕБУ и ќе дејствуваат во координација со нив.

Шеесет и петтата Евровизија требаше да се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам. Наш претставник годинава ќе беше Васил Гарванлиев со песната „Ти“  која беше промовирана пред 10 дена.