Нејмар се враќа на терен во ПСЖ, откако ја победи короната !

51

Една грижа помалку, еден проблем помалку за ПСЖ, за европскиот вицешампион. А таа вели дека Нејмар, супер – ѕвездата на “светците“ ја победи короната и дека сега е целосно здрав по трите негативни теста кои му се направени во последните неколку денови, а последниот во текот на вчерашниот ден.

Тоа значи дека Бразилецот набргу се враќа на терен, а се очекува заздравување и на останатите кои ги “покоси“ коронавирусот, а тоа се Мбапе, Ди Мариа, Паредес, Икарди и др. И затоа ПСЖ синоќа загуби на стартот на сезоната во Лига 1 на гости кај Ленс, зошто играше речиси со младинците.