Не брзајте со законот за минерални суровини ѝ порачаа рударите на Владата

0
106

Не брзајте со законот за минерални суровини ѝ порачаа рударите на Владата. Бараат измените да не се носат по сратена постапка, туку по организирана јавна дебата со сите засегнати страни.

Според  Македонската асоцијација за рударство, измените на Законот се лоши, исклучително штетни, нелогични, селективни, недоречени и неприменливи во пракса.

Законските измени предвидуваат забрана на примена на цијанид, сулфурна киселина и други супстанци во текот на геолошките истражувања, преработка и експлотација на минерални суровини.

Во моментов, цијанид се користи во Злетово, Тораница и Саса во благи дозволени количини според светски стандарди. Доколку нивната употреба се забрани, дел од рудниците пред неколку месеци најавија можно отуштање на работници:

  • Во развиените земји сите дебати се во насока како да има развиено рударство со одржлив економски и сколошки развој, но во истовреме да има и земјоделие, кажа Николјачо Николов, прет. на МАР.

Од друга страна,  Лилјана Поповска од ДОМ , која е една од подносителите на измените на Законот бара  финансиска гаранција за евентуални еколошки штети:

  • На тој начин да бидеме спасени од рудници со површински коп кои користат цијаниди и сулфурна киселина, изјави Лилјана Поповска – претседател на ДОМ.

Инаку, само во Саса, Тораница, Бучим и Злетово кои  се носечките столбови на македонското рударство, работат  над  2.500 лица. Вкупно во рударската индустрија на ниво на држава се вработени над 13.000 работници.

Рударството учествува со 12 % во вкупната индустрија во земјава.

https://www.youtube.com/watch?v=D_1bUzhyi0c

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here