Нова жетва и стари проблеми за производителите на ориз

0
140

50 денари за килограм откупен бел ориз и 25 денари за оризова арпа бараат оризопроизводителите. Во екот на жетвата на оризот, откупот не оди со планираната динамика. Главна кочница се сегашните откупни цени. 40 денари за бел ориз и 17 до 20 денари за оризова арпа.

„Откупот на оризот е слаб. Цените воопшто не ни одговараат. Ни носат загуба. Нема исполнување на ветуивањата на Владата за зелената нафта, за субвенциите. Црвена линија или долна граница за основна рентабилност веќе се зне кои цени треба да се за отпук на ориз и оризова арпа. 50 денари за откуп на бел ориз и 25 денари за оризова арпа. Во спротивно и оваа година ќе ја бележиме како загубена година“, изјави Коле Златанов – оризопроизводител.

„Овие откупни цени не се доволни за покривање на трошоците за нафта, за ѓубрива, а за егзистенција и да не зборувам. Мора Владата под итно да го сврти вниманието кон нас оризопроизвбодителите, во спротивно нема веќе одгледување на ориз,  неисплатливо е“, констатира Трајче Трајанов – оризопроизводител.

Откупувачите објаснуваат. Зошто мораат откупот да го вршат по спомнатата  цена, што не одговара на оризопроизводителите.

„Да, знаеме дека сегашната отркупна цен не одговора на оризопроизводителите. Верувајте истата ја диктира пазарот,а не ние. Затоа е потребно Владата под итно да ги реализира ветувањата за субвенционирање на оризопроизводителите, ако сака бараната цена од нивна страна да е 50 денари за килограм откупен ориз и 25 за оризова арпа“, оцени Никола Ѓеоргиев – директор на „Мак Млин“ – Чешиново.

Во овој дел од македонскиот Исток расположливи површини под ориз се 4.800 хектари со просечен принос од 25 илјади тони арпа. Од повеќе причини лани беа засеани 2.900 хектари. Приносот изнесуваше 9.700 тони. Незадоволството од неисполнетите ветувања на владините институции кон земјоделците, иницира оризот ланио да биде застапен на само 2400 хектари. Дали, перманентното намалување на површините ќе биде запрено, се зависи од наредните чекори на надлежните, тврдат оризопроизводителите. Со вакво темпо, оваа земјоделска гранка, инаку препознатлив бренд на кочанскиот регион, може во наредните години и потполно да згасне.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here