Home Популарно Нова паркинг платформа ќе се гради во центарот на Штип

Нова паркинг платформа ќе се гради во центарот на Штип

Нова паркинг платформа ќе се гради во центарот на Штип. Локацијата е напосредно пред Здравствениот дом, каде во моментот има и најголема потреба од паркирање.

Инвестицијата е од  околу 18 милиони денари, а по половина сумата треба да ја обезбедат Владата и Општината:

„Веќе ќе биде распишана јавната набавка за изградба на новата платформа која се наоѓа кај здравниот дом Панче Караѓозов и ние со кофинансирање многу брзо ќе започнеме со изградба ,со завршување на тендерските постапки ќе започнеме со изградба на третата платформа.Тоа е сериозно олеснување за паркирањето и за сите наши граѓани кои што се движат и гравитираат низ центарот на градот ,но и за сите оние кои доаѓаат од други градови “ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип

Во меѓувреме, Општината е во интензивна комуникација со сопствениците на просторот на градскиот базен. Во негова близина тие имаат обврска да изградат катна гаража, а комуникацијата е во насока стартот на градежните работи да се забрза.

Од друга страна, од Општината најавија набавка на уште едно пајак возило. Постапката за тоа ќе започне веднаш откако за тоа ќе се создадат услови, односно откако ќе завршат Изборите, зашто во мометов , сите набавки кои не се во тек, се стопирани.

На овој начин, од Општината се надеваат дека состојбата со сообраќајот во Штип ќе се нормализира:

„Еве создаваме и прави места ,но даваме и право за создавање на ред во сообраќајот,да се поставуваат столбчиња со што се гарантира безбедно движење на пешаците ,а не тротоарите да постанат паркинг простори ,така и ќе работиме во иднина со цел решавање на вистинските проблеми на нашите граѓани“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип

Инаку, во Штип има околу 700 паркинг места на кои паркирањето е платено. Цената е 20 денари за час.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...