Нова, трета локација за затворениот базен во Штип

237

Нова, трета, локација е определана за изградба на затворениот базен во Штип, откако претходните две, беа оценети како несоодветни. Сега, проценките утврдија дека базенот треба да се гради во населбата Блок 77, во непосредна близина на тамошното игралиште:

„Се работи за енергетски ефикасен објект кој што целосно е финансиран од државата , од агенцијата за млади и спорт,а неговата изградба ќе започне во текот на наредните денови.Сакам да ја информирам јавноста дека направивме доста големи напори во однос на обезбедување на соодветна локација за која што можеме да издадеме градежно одобрение“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип

Затворениот базен во Штип треба да биде изграден најдоцна до крајот на 2021 година. Целиот објект ќе биде со дименции 30 на 20, додека безенот е со дименции 9 на 25 метри:

„Што значи дека ги задоволува критериумите и стандардите за тренинзи,за учење и совладување на овие вештини во овој спорт, во пливањето.Достапен за користење на учениците од сите училишта и на сите граѓани“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип

Првично, базенот требаше да се гради во склоп на училиштето Димитар Влахов. Втората посочена локација беше кај спортската сала „Јордан Мијалков“, но поради  проблеми со сопственоста на земјиштето , одлучено е базенот да не се гради таму.

Во меѓувреме, инвеститорите започнаа и со уредување на проеторот околу постојниот, отворен базен во Штип:

„Јас разговарав со инвеститорите за таа локација  и сум информиран дека тие го вршат нивниот дел од активностите ,дел на набавки на сите потребни опреми и дека наскоро започнуваат со целосна санација на постоечкиот Градски базен и набавки на целата опрема која е потребна за да се стави во функција за оваа летна сезона базенот со една сериозна реконструкција“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип Во меѓувреме, општина Штип неправи премостување на водоводната инсталација , се со цел овој базен летово да може да функционира нормално.