Новинар во Словенија осуден за клевета поради текст за таткото на Меланија Трамп !

559

Вишиот суд во Љубљана донесе пресуда дека словенечкиот новинар и публицист Бојан Пожар треба јавно да му се извини на Виктор Кнавс, таткото на американската прва дама Меланија Трамп, и да плати 5.000 евра за клевета.

Покрај тоа, како што објавија од словенечката адвокатска канцеларија „Пирц Мусар&Лемут Штрле“, од Пожар се бара да плати речиси 2.000 евра за судски трошоци, пренесува „Хина“.

Пожар на својата веб-страница пред неколку години наведе дека таткото на Меланија Трамп бил во истражен затвор за затајување данок во времето додека бил во Словенија и продавал делови за автомобили пред повеќе од 30 години.

Со пресудата судот нареди Пожар првин да му се извини на Кнавс во својот медиум и во тој каде што ја објавил првичната вест, сега да ја објави и пресудата во која се наведува дека станува збор за невистинсити и навредливи тврдења.