Новогодишни пакетчиња за штитениците во „Искра„ и болните дечиња на детско од Навивачката група Фаланга

689

Членовите на навивачката група Фаланга, денеска, пријатно ги изненади штитениците од средното училиште „Искра“ и болните дечиња на детското одделение во штипската Клиничка болница. Им подели новогодишни пакетчиња. Ова е една од повеќе хумани мисии на навивачката група на фудбалскиот клуб Брегалница.
Денеска во училиштето Искра поделивме новогодишни пакетчиња на децата со цел да им ги разубавиме Новогодишните празници, истотака поделивме и во детското одделение. Нема овде да застанеме ќе продолжиме со ваквите акции“изјави Стефан Димитров – член на НГ Фаланга
„Благодарност до навивачката група од мене и сите мои другари“ Емил Насев – штитеник од ДСУ „Искра“