Нов помор на риби во Брегалница кај Делчево. Градоначалникот и граѓаните бараат строги казни за одговорните за труењето

0
140

Нов, голем помор на риби во горниот тек на Брегалница кај Делчево. Угинати примероци на риба, меѓу кои и на пастрмка се евидентирани утринава, што беше причина за голем револт кај оние кои со свои очи ја видоа оваа еколошка катастрофа:

  • Ова е страшно и жално да се гледа. Треба да има најстроги казни за оние кои с еодговорни, рекоа анкетирани жители на Делчево.

Општински и државени инспектори за заштита на животната средина  повторно земаа мостри од водата и угинатата риба и истите ќе бидат испратени на анализа во Институтот за храна и ветеринарство.

Во меѓувреме, до нашата редакција пристигнаа аматерски снимки од загадена вода за која се претпоставува дека содржи токсични материи, како слободно истекува во реката од еден од пропустите.

Дали тоа е причината за поморот на рибите или нешто друго, треба да покажат резултатите од земените мостри, но првичните претпоставки одат во насока дека загадувањето е од индустриска природа:

  • Ова е од некои несовесни бизнисмени кои најстрого мора да бидат казнети. Не е битен само нивниот профит, туку и заштитата на почвата, водата и живиот свет. Сторителот мора да добие максимална казна за да биде поука и за другите и за себе, истакна Горан Трајковски, градоначалник на о. Делчево.

Ова е втор помор на риба во Делчевско, за само една недела. Минатата среда, во горниот тек на Брегалница исто така беше регистриран помо, но од помали размери. И тогаш беа земени мостри и испратени на анализа, но резултатите се уште не се познати.

https://www.youtube.com/watch?v=OWaABe42tVo&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here