Home Регион Обвинителството бара 2.000, односно 3.000 евра казна за кочанец и...

Обвинителството бара 2.000, односно 3.000 евра казна за кочанец и штипјанец. Не ја почитувале самоизолацијата

Обвинителството бара  2.000, односно 3.000  евра казна за кочанец и штипјанец. Не ја почитувале самоизолацијата иако на тоа се обврзале со потпис и во залог го ставиле и моралното и материјалното.

И покрај ова, кочанецот, кој на 16-ти се вратил од странство, во исолзација останал неполни 48 часа. Веќе на 18-ти март, наместо да седи дома, се упатил кон полициската станица во Кочани, со што ја прекршил самоизолацијата , но и на потецијален ризик ставил многумина.

„Поради стореното кривично дело, јавен обвинител од Основноито јавно обвинителство Кочани, на судот му предложил на обвинетиот да му изрече парична казна  во висина од 100 дневни глоби од по 20 евра, во денарска противвредност“, информираат од Обвинителството.

За ист прекршок, Штипското Обвинителство за штипјанец кој се вратил од високоризичната Шпанија , бара казна  од 3.000 евра, односно 100 дневни глоби од по 30 евра.

Штипјанецот, во државата влегол на 17 март кога и ја потпишал изјавата за самоизолација, но наместо дома, од аеродром отишол директно во општинската зграда.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белгија го заврши фудбалското првенство пред време – Бриж нов шампион !

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што...

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...