Обезбедена вода за индустриската зона во М.Каменица

28

Завршена е реконструкцијата на пумпната станица за водоснабдување на Индустриска зона во Македонска Каменица. Покрај реконструкцијата, со набавката на новата автоматизирана пумпа за вода се обезбедува задоволување на потребите за непречено водоснабдување на капацитетите во Индустриската зона во Македонска Каменица. Инвестицијата е од 1,3 милиони денари.