Објава во Службен весник. Општините во Источнит регион ќе добијат 8,2 мил евра за санирање на патишта и улици.

166

8,2 милиони евра од државата ќе добијат општините од Источниот регион за санирање и изградба на патишта и улици , објави денес Службен весник.
Според Службен весник, за клучната потреба , општините ќе ги добијат следните суми.
Делчево 791 000, Берово 554,Виница 794, Зрновци 544, Карбинци 669, Кочани 980, Македонска Каменица 630, Пехчево 601, Пробиштип 817, Чешиново -Облешево 627 000 и Штип 1,2 милиони евра.
Објавата на оваа одлука на Министерството за транспорт и врски и Владата е гаранција дека правно-формално процедурата е завршена и дека сега само останува трансферирање на парите за општините да започнат со работа.
Но, на пример, како Штип ке ги искористи овие пари?
„Во оваа втора фаза на овој проект, Штип влегува со завршен проект и со целосно искорегирани позиции за улицата Панче Караѓозов. Овие средства дадени на Штип во висина од 1.2 мил. евра, се и за понатаму за нашите приоритети како ќе доагаат така и средсњтвата ќе ги користиме за добробит на граѓаните“, објасни Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип
Солидната сума од 817 000 евра е Благослов и за Пробиштип. Таму дел од парите се испланирани а за другите ке се прават дополнителни анализи за приоритетите.
„Станува збор за улицата 3ти Април но од едната страна имаме проширување а од другата нов тротоар и поставување на нови лед светилки. Потоа вториот проект е за Горни и Долни Стубол за улици во рурални средини во вредност од 18 мил. денари како и за улицата Тодор Александров“ изјави Драган Анастасов-градоначалник на о. Пробиштип
Иако меѓу најмалите општини, Пехчево на својата сметка ке види многу добра сума од 601 000 евра. Каде општината планира да ги инвестира овие пари.
„Се работи за улиците: Индустриска, Мирче Ацев со поврзување со улицата Даме Груев, булеварот Равен со централното градско подрачје, во должина од три километри. Се надевам дека со решавање на овие проблеми битно ќе се подобри сообраќајната комуникација. Од нејзе бенефит ќе имаат граѓаните на Пехчево и пошироко“, изјави Драган Тренчовски – градоначалник на о. Пехчево. Вкупно, за сите општини во државата за оваа намена ќе бидат оиздвоени 70 милиони евра.