Објавена научна студија за руската вакцина: На светот му е достапно се што треба да знае за Корона вирусот !

108

Креаторите на руската вакцина против коронавирусот „Спутник 5“ од институтот „Гамалеја“ ги објавија резултатите од првата и од втората фаза на клинички испитувања во едно од најпрестижните медицински научни списанија „Лансет“.

Сега во целиот свет се достапни техничките податоци за тестирањата, а тоа дава можност во извесна мера да се процени точноста на заклучокот и безбедноста на експериментите. Оваа статија, како и други научни публикации, мина научна рецензија, Тука ги наведуваме заклучоците.Научниците не забележаа никакви сериозни и/или неочекувани несакани ефекти во овие фази на испитувања.

Кај отприлика половина од случаите несаканите ефекти биле умерени и, генерално, очекувани: покачена температура не над 38.9, главоболка и болка на местото каде е примена вакцината. Кај оние што имаат примено две дози вакцина несаканите појави биле поизразени по втората вакцинација.

Вакцината навистина предизвикува имун одговор кај сите доброволци најмалку 28 дена по имунизацијата. Кај оние кои имаат примено две дози вакцина во интервал од три недели, имуниот одговор е посилен.Кај вакцинираните се формираат антитела на „боцките“ на коронавирусот, а исто така се зголемува и популацијата на таканаречените Т-клетки, лимфоцити кои се борат против вирусот.

Во вкупното количество антитела кај вакцинираните лица се појавуваат неутрализирачки антитела, кои не само што се поврзуваат со вирусот, ами исто така го блокираат неговото продирање во клетката.

Спутник 5 е вакцина на основа на аденовирус. Тоа значи дека генот на коронавирусот во глетките се уфрла со помош на вирус-носител (тоа е аденовирус кој е безопасен за човекот, со кој тој повеќепати се сретнал во текот на животот). Научниците дополнително го следеле формирањето на имунитетот на аденовирусната основа на вакцината. Не забележале дека претходно прележана аденовирусна инфекција на некој начин доаѓа во колизија со вакцината и дека ја намалува нејзината ефикасност.

Научниците го споредиле нивото на антитела кај оние кои претходно прележале КОВИД-19 и кај вакцинираните лица. Кај вакцинираните просечното ниво антитела е дури повисоко, одошто кај лицата кои закрепнале од коронавирусот, но уделот на неутрализирачките антитела притоа е незначително пониско. Засега Спутник 5 не е детално спореден со другите вакцини, но прелиминарно може да се каже дека според нивото на неутрализирачките антитела (кои се многу значајни за процена на ефикасноста на вакцината), тие се нешто послаби од, на пример, оксфордската вакцина ChAdOx1.

Креаторите на вакцината признаваат дека, и покрај охрабрувачките резултати, нивните истражувања имаат низа ограничувања. Тие се однесуваат на сосема младата возраст на доброволците и кусиот период на набљудување. Значителен дел испитаници биле војници на возраст од 25 години со одлична здравствена состојба. Тоа значи дека кај луѓето од ризичните групи вакцината би можела да биде помалку ефикасна или да предизвика повеќе несакани ефекти. Засега истражувањата го немаат проверено тоа.