Објавени први фотографии од новиот мобилен телефон „Samsung S 10“ !

Латвиски дизајнер Бенџамин Гескин, објави на „Twitter“ фотографии од премиум смартфонот „Samsung Galaxy S10“.

0
68

Фотореалистичната слика го демонстрира можниот дизајн на поголемиот модел „Galaxy S10“, базирајќи се на последните гласини. Втората слика ги споредува екраните на „Galaxy S10“ со „Galaxy S9“ и „iPhone Xs Max“.

Како што се очекуваше, во „Galaxy S10“ корејскиот производител не оставил голем отвор на екранот. Според претходните гласини, моделот ќе биде претставен во три верзии – секоја од нив ќе биде конкурент на „iPhone XR“, „iPhone XS“ или „iPhone XS Max“.

Помалата верзија „Galaxy S10 Lite“ (SM-G970x) ќе биде конкурент на „iPhone XR“. Таа ќе добие рамен 5,8-инчен дисплеј, скенер на отпечатоци на страницата и 4G модем. Неговата цена ќе изнесува 750 долари.

Стандардната верзија „Galaxy S103 (SM-G973x) ќе се натпреварува со „iPhone XS3. Таа е „вооружена“ со 5,8-инчен дисплеј со заоблени краеви, скенер за отпечатоци кој е интегриран во екранот, 5G модем, минимум 128 GB внатрешна меморија. Можно е да има верзии со 256/512 GB. Моделот ќе чини околу 1.000 долари.

За возврат „Galaxy S10 Plus“ (SM-G975x) ќе се соочи со „iPhone XS Max“. Тој е опремен со 6,4-инчен дисплеј со заоблени краеви, скенер на отпечатоци кој е интегриран во екранот, 5G модем, минимум 128 GB внатрешна меморија и повторно опција за 256/512 GB. Неговата цена ќе изнесува 1.100 долари.

Официјалниот деби на серијата смартфони „Samsung Galaxy S10“ ќе биде на 24-ти февруари. Тогаш се одржува саемот „MWC 2019“ во Барселона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here