Оваа монета од 1794 година вреди 10 милиони долари ?!

41

Ретките монети носат многу пари. Една таква кованица претставил еден дилер од Њу Џерси кој се припрема да продаде популарна американска сребрена паричка од 1794 година, по цена од 10 милиони долари.

Прогласена за Свет грал на сите долари од страна на Лорa Спербер, претседателка на „Legend Numismatics“, ексклузивната монета ќе биде продадена како дел од аукцијата „Legend“ која ќе се одржи на 8 октомври во Лас Вегас, како и онлајн.

Станува збор за прв сребрен долар скован од страна на САД, па затоа со себе носи неверојатно висока вредност. Од една страна, паричката го содржи Кипот на слободата, додека од другата страна може да се види орел.

Монетата ја набавил лосанџелескиот колекционер Брус Морелан, по цена од 10 милиони долари пред 7 години, а се верува дека на претстоечката аукција ќе ја достигне истата сума.

Од 1758 сребрени долари кои биле доставени во октомври 1794 година, денес постојат помалку од 130, додека овој кој ќе се најде на аукција е во најдобра состојба од сите останати. Се верува дека ова е дури првата скована паричка од ваков вид што е неверојатно значајно