Ова момче на 17 години е осомничено за хакирање на твитер профилите на богаташите Гејтс, Маск и Безос !

44

Во Флорида е уапсено момче за кое постои сомневање дека стои зад големиот хакерски напад на Твитер од кој беа погодени профили на многу познати личности, како Барак Обама, Бил Гејтс и Илон Маск.

Зад хакерскиот напад на Твитер-профили од средината на јули стои 17-годишно момче Г.И.К. од Флорида, се сомневаат американските власти. Осомничениот е уапсен во Тампа. Тој е „водечката глава“ која стои зад нападот, изјави обвинителот Ендру Ворен.

Истрагата против 17-годишникот ја води обвинителството во Флорида, затоа што според локалните закони тој може да биде повикан на одговорност како возрасен. Тоа не би било можно според сојузните американски закони, според кои осомничениот може да добие пониска казна.