Ова се четирите точки што Владата ќе ги менува во Уставот !

0
282

1.Додавање на придавката Севрена во името на Република Македонија
2.Измени во Переамбулата на Уставот, односно при наведување на државно-правните традиции ќе се внесе повикување на првото заседание на АСНОМ со конститутивни одлуки, т.е. одделно ќе се именуваат сите одлуки на АСНОМ
3.Поцврста гаранција за границата -трајност на границите и суверенитетот
4.Грижа за Македонците и дијаспората во странство, без мешање во суверените права на други држави

Ова се четирите суштински измени на Уставот на Република Македонија, со цел усогласување со текстот на договорот со Грција. Првата е додавање на придавка во името на државата. Според предлогот, придавката СЕВЕРНА ќе стои секаде во Уставот каде што се спомнува Република Македонија.

Втората е измената на преамбулата во која, како што вели владиниот портпарол ќе бидат наведени сите одлуки на АСНОМ.

Третата измена е во делот на гаранцијата на границите. Со новиот амандман, освен тоа што пишува дека Македонија нема територијални претензии кон соседите, ќе стои дека ќе го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

Четвртата промена се однесува на грижата на дијаспората. Во новиот амандман се додава дека Македонија ќе се грижи за културните и економските права на македонскиот народ и сите нејзини граѓани во други држави, но без притоа да се меша во суверените права на други држави и мешање во внатрешните работи.

Целиот предлог закон е објавен на интернет страницата на владата, а како таков ќе биде доставен до Собранието на РМ. Пратениците ќе одлучат дали промените ќе бидат усвоени. Потпретседателката на законодавниот дом Фросина Ременски ги повика сите пратенции да преземат одговорност и да ги поддржат уставните измени.

Предлог законот најнапред треба да ја помине Уставната комисија, а потоа ќе оди на пленарка. За започнување на расправата потребно е да гласаат две третини од вкупниот број на пратеници. Со оглед на тоа дека владејачката коалиција го нема потребниот број, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски не сакаше да одговори дали и со кого преговараат од опозицијата за поддршка во Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here