Оддржан протест на опозицијата како поддршка на идентитето на Гоце Делчев !

63

Вчера се оддржа протест на најголемата опозициска партија во Македонија. Членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се собраа пред Министерството за правда, па тргнаа преку мостот „Гоце Делчев“ до Министерството за надворешни работи.

„За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев“, пишуваше на големиот транспарент кој се носеше на почетокот на маршот, а на дел од транспарентите кои ги носеа учесниците на протестот можеа да се видат пораките „Стани Гоце те предадоа, Делчев е црвената линија, Делчев е Македонија, Ние сме држава, не територија“ и слично.

На протестот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а граѓаните покрај македонски, вееја и знамиња на Европската унија.

Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ во најавата на денешниот протест.

видео сопственост на 360 Stepeni

Инаку, овој протест доаѓа во периодот кога се очекува започнување на преговорите на експертските комисии со Грција и Бугарија, комисии формирани по потишувањето на Преспанскиот договор. На комисијата со Бугарија се очекува да продолжат несогласувањата на македонските и бугарските историчари околу Гоце Делчев.