Од денес во Русија, заштитните маски се задолжителни !

75

Русија од денес воведе задолжително носење маски ,поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус.Според уредбата објавена на веб-страницата на руското Министерство за здравство, граѓаните низ целата земја од денес мора да носат маски на јавни простори,во јавен превоз, паркинзи и лифтови.

Истата агенција го ограничи и работното време на кафулињата и рестораните, кои можат да бидат отворени од 6 до 23 часот.

Да потсетиме, вчера Русија имала 16.500 новоинфицирани, но и најголем број починати, 320 во рок од 24 часа.