Од ново-заразените 180 лица во Македонија, 80 не биле во контакт со заразено лице !

605

Сто лица од новите 180 заразени со коронавирус кажале дека во изминатиот период имале контакт со потврден случај инфициран од вирусот, се вели во извештајот од Институтот за јавно здравје, од каде се заклучува дека 80 од новозаразените, кажале дека немале контакт со заразено лице.

Најголем дел од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години. Станува збор за 43 лица. 97 лица од ново заразените се од женски а 83 од машки пол.