Од протестот против цената на струјата испорачани три барања до власта !

82

Враќање на старата цена на струјата, професионализација на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и „викенд без ДДВ“. Ова се трите барања на лидерот наВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои ги испорача на денешниот протест, прв во низата кои ги најави партијата против „неправдите на мафијата на Илинденска број 2“како што Мицкоски ја нарекуваше влоаста во своето обраќање.

„Епа доста му е на овој народ и затоа овој народ од денеска почнува правдата да ја бара овде на улиците. Нема веќе по домовите да седиме, излегуваме на улица. И затоа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција, и од сега ќе ја гледате за секоја неправда која му ја нанесувате на овој народ на улица заедно со тој народ, без разлика дали се македонци, албанци, турци, срби, власи, роми, еѓипјани и останати. Ќе го гледате ВМРО-ДПМНЕ и ќе ви биде ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата ноќна мора, се до крајот на вашиот пеколен пад“, рече Мицкоски.

Првото барање на опозицијата е враќањето на цената на струјата пред поскапувањето од 7,5 проценти за кое сметаат дека е можно доколку сенамалина тарифата за универзалниот набдувач. Мицкоски ја обвини и Регулаторната комисија и Владата дека лажаат кога викаат дека се зголемува само цената за ЕЛЕМ и МЕПСО.

Второто барање е спроведување во дело на викенд без ДДВ кој беше во предизборната програма на владеачката СДСМ.

Професионализација на Регулаторната комисија, стопирање на партиските вработувања во неа и фер цени за граѓаните е последното барање кое беше испратенот од протестот.