Од струен удар, почина актерската легенда Ванчо Петрушевски !

0
266

Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67 години, објавија на своите фејсбук страници неговите колеги од Драмскиот театар. Неофицијално, загинал од струен удар во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево, каде живеел во летните месеци.

Со смртта на Ванчо Петрушески, Македонија загуби одличен актер и врвен глумец. Колегите се простуваат од него, а погребот ќе се изврши утре.Како што потврдуваат од МВР, актерот загинал при работење со електричен заварувач на пластични цевки.

„На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и истиот починал на местото на настанот. Извршен е увид. За настанот е известен Јавен обвинител“, велат од Министерството за внатрешни работи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here