Од утре , започнува четиридневната прослава по повод 74 години слободна Виница

0
618

Од утре , започнува четиридневната прослава по повод 74 години слободна Виница. Посетителите ќе имаат можност да проследат  четири целовечерни концерти на популарна музика, две изложби, по една промоција на научно истражувачки труд,театарска престава и алтернативен перформанс.

Одбележувањето започнува на еден од симолите на Виница – Виничкото Кале:

  • На 30 август- четвртток стартуваме со несекојдневен амбиент, на виничкото Кале, а тоа е концертот на групата Даутовски. Како увертира на овој настан ќе проектираме филм по повод 40 годишнионата од откривањето на теракотните икони во комбинација со изложба, во организација на музејот Теракота. Наши специјални гости на овој настан ќе бидат двајцата долгогодишни истражувачи на виничкото Кале, арехолозите, проф. д-р Коста Балабанов и проф. д-р Цоне Крстевски, најави Ивица Димитров – градоначалник на о. Виница.

За првпат, а, во рамките на свеченостите по повод ослободувањето на градот, ќе се одржи и меѓународната трка Чупино Треил , која е закажана за 02 септември.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here