Околу 200 штипски стечајци живеат во нова надеж и неизвесност

0
109

И после 40 годии работен стаж, дел од штипските стечајци не можат да дојдат ни до пензија ни до стечаен надоместок. Го изработиле целиот свој работен век, но на старост за нив спокој нема:

  • Имам 40 години стаж, во стечај заминав од Жито Вардар и оттогаш сум на улица, работам за надница каде ќе можам, вели стечаен работник од Штип.

Предложените измени во т.н. Стечаен закон повторно им ја врати надежта но и неизвесноста на околу 200 штипски стечајци:

  • Имаме по 23-24 години работен стаж. По распадот на Астибо заминавме во приватни конфекции и поради тоа не одбија за надомест. Живееме од социјална помош и од пензиите на родителите, рекоа стечајни работнички.

Поддршка денес тие добија и од нивните колеги кои веќе добија позитивни решенија и примаат паричен надомест, но не заборавија како е да си гладен:

  • Јас добив надомест и сега е друго, инаку ме издржуваа родителите и брат ми, ама тој почина. Ако не добиев надомест ќе трпев за леб. На сите овие луѓе треба да им дадат пари, вели стечајна работничка.

Најголем дел од овие работници предвреме го прекинале работниот однос и токму поради тоа останаа без надомест. Новите измени би требало да им дадат нова шанса:

  • Има надеж за овие луѓе. Според измените и оние што биле избркани од работа и оние што напуштиле самоволно, ќе бидат опфатени, кажа Кемаледин Арсланов, прет. на УНИТ – Штип.

А еве што точно предвидува владиниот предлог закон за стечајците:

  • На оваа 82 седница владата го усвои Предлогот на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата за да се овозможи правото на материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок по основ на невработеност, бил на определено или неопределено време и дали престанал е по волја и вина на работникот. На овој начин ќе се овозможи материјално да бидат обезбедени дополнителни 1600 невработени лица, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Новиот предлог закон би требало да опфати дополнителни 1.600  стечајни работници. Од нив, близу 500 се во источниот дел на државата.

https://youtu.be/xdpVUJSU_BU

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here