Опозицијата и денес на протести против зголемувањето на цената на струјата – Ќе се блокираат и улици во Скопје !

69

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе протестира пред Регулаторна комисија за енергетика.Партијата за во 14 часот најави протест против поскапувањето на струјата пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев изјави дека еден час ќе ги блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија, чие седиште се наоѓа во центарот на Скопје.