Опозицијата најави протести за правда на 9 септември !

90

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција најави дека партијата започнува со протести, кои ќе се оддржуваат во следниот период.

-На 9 септември, среда, ги повикувам граѓаните на протест. Протестот ќе започне во 18 часот. Појдовна точка ќе биде Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за кој ќе протестираме. Овој протест е прв во низата на протести кои ќе следуваат во следниот период, рече Мицкоски, кој додаде дека пари има во државата, но тие не оделе кај народот.