Опозицијата обвини: Србија должи 50 милијарди евра, а секој Србин веднаш штом се роди должи над 5000 евра !

107

Србија е задолжена или во наредниот период ќе повлече кредити во вкупна вредност од 50 милијарди евра, од кои само 11 милијарди евра се има задолжено од Кина, изјави на прес-конференција Драган Ѓилас, претседател на Партијата за слобода и правда (ССП).

„Кина е на прво место, за разни проекти, кога ќе ги повлечеме сите кредити, долговите ќе бидат 11 милијарди евра. На Русија и должиме 713 милиони евра, од странски инвестициски корпорации – четири милијарди 765 милиони, на ЕБОР 713 милиони евра“, изјави Ѓилас.

Тој рече дека вкупниот долг на Србија, кога ќе ги повлече кредитите во следниот период, изнесува 50,4 милијарди евра.

„Секој човек во Србија должи 5.040 евра веднаш штом ќе се роди,“ кажа Ѓилас.

На овие наводи на Ѓилас реагираше министерот за финансии, Синиша Мали, кој изјави дека „Ѓилас не знае ништо друго освен да лаже”