Општината и граѓанските здруженија денес во Штип дебатираа за референдумот

0
60

 

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски денес дебатираше на тема престојниот референдум заедно со претставници од 26 невладини организации и здруженија на граѓани од Штип.

Пред нив, Бочварски ги презентираше позитивните работи од договорот со Грција и потенцијалниот влез на земјата во НАТО и ЕУ, по што добил поддршка од сите присутни :

„Разговарав со 26 невладини организации и граѓански здуженија коишто дадоа голема поддршка за овој договор којшто е постигнат, сакам да повторам дека ова е компромисно решение но ова е и решение коешто пред се и дава шанса на Република Македонија да оди напред и да се приклучиме кон Европската Унија и НАТО, да обезбедиме подобар живот за сите наши граѓани имајќи предвид дека во изминатите 27 години Република Македонија стои во место, граѓаните се иселуваат и неможат да обезбедат сопствена иднина и иднина на своите деца, а што е уште пострашно заминуваат со пасоши од странски држави“, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Поддршката од здруженијата и невладините се базира врз основа на тоа дека договорот со Грција не задира во македонскиот јазик и идентитет :

„Остануваме македонци и ќе бидеме македонци. Нема губење на идентитетот како што некои го промовираат. Јасно е прецизирано во договорот дека ние сме македонци и ќе зборуваме македонски јазик“, кажа Љубомир Јанев, прет. на Здруж. на пензионери инвалиди.

Меѓу останатите придобивки, градоначалникот Бочварски ги сомна и средствата кои ЕУ ги дава за реализација на проекти во Македонија. Во моментов се работи за 90 милиони евра, сума која со влезот во Унијата ќе биде најмалку дупло поголема.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here