Општина Штип за идната година подготви социјален пакет од речиси 30 000 евра.

299

Општина Штип за идната година подготви досега најголем социјален пакет за ранливите категории на граѓани. Акцентот на социјалната грижа се става на крајот од оваа година и финансиски во новиот Буџет, велат од општината.
„Во буџетот на о. Штип имаме предвидено 1милион и 700 илјади денари , за покривање на бесплатна градинка за деца на самохрани родители.Оваа активност како и во изминатите две години ја спроведувавме сега ќе биде истата и спроведена и во текот на 2020 година“изјави Билјана Казанџиска- рак. на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР.
Освен финансиската поддршка, општина Штип заедно со Министерствата за труд и социјала, Локална самоуправа и помош од повеке странски фондации успеаја да изгради и опреми значајни објекти од суштинско значење за лицата со посебни потреби.
„Општина Штип исто така во текот на вчерашниот ден бевме на отварањето на сензорната соба која се наоѓа во детската градинка Астибо каде ние како општина учествувавме со висина на средства, со кофинансирање со околу 300 илјади денари.Го отворивме и центарот порака каде што заедно со министерството за труд и социјална политика и републичкиот центар „Порака“ ,каде ние како општина исто така учествувавме со средства во висина од 300 илјади денари“ “изјави Билјана Казанџиска- рак. на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР.