Откажана акцијата на кочанчани на Олимп поради циклон

0
127

Кочанскиот планинарски спортски клуб Осогово ја откажа последната акција на Олимп за сезонава поради влошените временски услови во Грција.

Акцијата требаше да го повтори искачувањето од минатата година на четирите највисоки врвови на Олимп – Митикас, Сколио, Стефани и Скала, но снежната покривка на стрмниот терен од 5 сантиметри и најавите за циклонот кој викендов минува низ Грција, го натераа раководството на Осогово да ја откаже акцијата.

Кочанчани пред само недела дена го искачија Митикас, кој со своите 2.912 метри е втор највисок врв на Балканот, а последната сезонска акција беше планирана за викендов, по што следува неколку месечна пауза поради опасноста од искачување на врвовите на Олимп во зима.

Медитеранскиот циклон кој навлегува во Грција предизвика врнежи од над 250 мм дожд на метар квадратен за 24 часа и ветар со силина и до 90 километри на час.

Поради откажувањето на искачувањето на Олимп, следната планинарска акција на кочанчани најверојатно ќе биде изведена на планината Рила.

https://youtu.be/grcSe0_JfvU

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here