Home Балкан Падна Владата на Косово: Собранието му изгласа недоверба на премиерот Курти !

Падна Владата на Косово: Собранието му изгласа недоверба на премиерот Курти !

По повеќе од 11 часа расправа, Собранието на Косово ноќеска со 82 гласа „за“, 32 „против“ и еден „воздржан“ изгласа недоверба на Владата на Косово на чело со Албин Курти. Претставката за гласање на недоверба го поднесе Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) кој беше коалициски партнер во владата.

Во неа се бараше разрешување на владата поради две прашања: неукинувањето на царините од 100 отсто на стоката од Србија и од Босна и Херцеговина без воведување „реципроцитет“, што е поврзано со наводно нарушување на односите со САД, како и поради смената на Агим Велиу од функцијата министер за внатрешни прашања и јавна управа поради расколот меѓу коалициските партнери околу вистинската стратегија за справување со коронавирусот, што се покажа како пресудно прашање за падот на владата.

Нив премиерот Курти ги отфрли како причини за соборување на владата и потенцираше дека зад барањето стои „готовиот договор меѓу Косово и Србија за размена на територии“. „За оваа претседателска трговија барањето е да се разреши Владата. Претседателската трговија со Владата која ја водам е невозможна. Се обиде (Хашим Тачи) да прогласи вонредна состојба, зошто не прогласи? Отиде во Белата куќа да постигне договор, зошто не го спроведе?“, рече Курти. „Со мене како премиер и со оваа влада не може да се прогласи воена состојба додека не се создаде вонредна состојба и нема договор ни во Белата, ни во Зелената, ниту во Црвената куќа за размена на територии помеѓу Косово и Србија. Затоа е потребно да се смени оваа влада, да ме заменат мене за да се отвори пат и да се прогласи вонредна состојба и истовремено таа претседателска трговија со размена на територи“, вели Курти.

Тој рече дека е целосно убеден оти постои постои готов договор со Србија и дека тоа индиректно му го потврдил и претседателот Тачи. Во дискусиите, во најголем број беа пратениците на ДСК и партијата на Курти (ПС), имаше многу меѓусебни обвинувања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белгија го заврши фудбалското првенство пред време – Бриж нов шампион !

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што...

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...