Пари од рудата ќе има и за Штип. Бучим доби дозвола за Боров Дол

0
202

Конечно, рудникот „Бучим“ ја доби дозволата за експлоатација на руда од „Боров Дол“. Ова ќе претставува континуитет на работата на „Бучим“ во периодот од 2020 – 2030 година. Добиената дозвола за експлоатација на бакар ќе значи и останување на сите вработени на своите работни места :

„Таму се утврдени рудни резерви околу40 милиони тони, што е доволно за десетина години работа во Бучим. Оваа дозвола е многу значајна и за Бучим и за Боров Дол, бидејќи на тој начин ќе се овозможи понатамошен живот на рудникот Бучим, каде резервите завршуваат средината на наредната година“, објасни Николајчо Николов, зам. менаџер на рудник „Бучим“.

По добивање на долгоочекуваната дозвола, претстојат активности за комплетно финансирање во овој рудник.  Инвестицијата е проценета на 53 милиони евра, која треба да се финансира етапно.

Рудата која ќе пристигнува од „Боров дол“ на подвижната трака во должина од околу седум километри ќе се преработува во постојната флотација, а јаловината ќе се депонира исто така во постојното хидројаловиште.

Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата, која ја плаќа рудникот „Бучим“ на државата.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here