Партиите ги доставија предлозите за членови на новиот состав на Државната изборна комисија !

0
107

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја доставила листата на кандидати за членови на Државната изборна комисија, информираат од Кабинетот на претседателот Талат Џафери. Листите се чекаа два дена поради што не можеше да се состане Комисијата за избори и именувања. Од Кабинетот на Џафери велат дека материјалите за седницата биле препратени кај претседателот Илија Димовски, кој ја води Комисијата.

Пратеникот Димовски стои на ставот дека ќе постапи во согласност со Деловникот.Потоа, Комисијата за избори и именувања ќе ги констатира имињата на кадидатите, а потоа на пленарна седница со двотретинско мнозинство ќе треба да го изберат новиот состав, според стариот модел на Изборниот законик.

Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Комисијата, а Елизабета Постоловска член од ВМРО-ДПМНЕ. Од редовите на ДУИ избран е Дитмире Шеху. Борче Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристевски се членови од СДСМ. Фадил Зендели потврди дека за член во ДИК од Беса на Касами ќе биде Енвер Салиу.

Отсуството на Талат Џафери од Собранието не е причина поради која не се закажува седница, а тоа може да го направат неговите заменици, велат од неговиот Кабинет, кои прстот го вперуваат во пратениците што не ги усогласиле ставовите за Законот за Владата и Законот за финансирање на партиите.Според последните информации, следната седница ќе биде закажана за понеделник

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here