Патнички авион со 103 патници се урнал во Мексико – Нема ниту еден загинат !

0
82

Патнички авион со 103 патници и членови на екипажот денеска се урна во Мексико. Несреќата се случила непосредно по полетувањето од аеродромот во гратчето Дуранго.

Вистинско чудо е што во уривањето нема ниту еден загинат. Извори од местото на несреќата брифираат дека патниците и екипажот успеале да се извлечат од авионот пред да избувне пожар.

Авионот од моделот „Ембраер 109“ летал на релација Дуранго – Мексико Сити.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here