Педофил добил казна од 169 удари со камшик…но издржал само 52 – Кога ќе се опорави ќе ги добие останатите 117 !

334

Педофил, претставен во локалните медиуми како Рони, поради полов напад врз деца во Индонезија е осуден на 169 удари со камшик.

Имено, тој требало да биде камшикуван дури 169 пати, но поради тоа што бил повреден од 52-та удари кои ги добил досега, медицинските лица навеле дека не е способен за продолжеток на казната. Процесот бил одложен за друг пат поради тоа што му останале 117 удари.

Рони веќе има одлежено шест месеци казна пред камшикувањето, па затоа бројот на удари е намален од 175 на 169. Намалување се врши по еден удар за секој месец поминат во затвор.