Пенсилванија ја отфрли тужбата од Доналд Трамп, но тој не се откажува !

79

Пенсилванија ја отфрли тужбата од Доналд Трамп со која бараше да се поништат милиони ливчиња по пошта. Судијата Метју Браун рече дека тужбата е без основа. Со ова одлука, Пенсилванија е на пат да потврди победа на Џо Бајден, каде што има 80 илјади предност пред Трамп. Бајден со победа во оваа држава, официјално би освоил 20 електорски гласови.

Трамп и натаму одбива да признае пораз, иако стигнуваат потврди од држави за победа на Бајден. Така беше вчера од Џорџија која потврди триумф на Бајден, но Трамп на „Твитер“ најави важни информации во врска со гласањето во таа држава.

Според проекциите, Бајден го победи Трамп со 306:232. Кампањата на Трамп веќе загуби неколку тужби за нерегуларности.