Петардите усмртија две лица во Италија и Франција а повредени се над 250 луѓе !

520

Две лица загина, а околу 250 се повредени поради огномети и петарди за време на новогодишната ноќ. Медиумите во Франција јавија за смртта на едно лице од околу 30 години кое починало додека се обидувало да запали огномет.

Во Франција повредени се околу 50 лица кои претежно имаат повреди на лицето и екстремитетите. Меѓу нив има голем број на малолетници.Во Италија во новогодишната ноќ едно лице загина, а повеќе од 200 луѓе се повредени од петарди од кои 11 се здобиле со сериозни повреди.

27-годишен маж загина во југоисточна Италија во обид да изгасне пожар предизвикан од огномет. Градските власти во Рим забранија употреба на петарди оваа година, а француските власти претходно предупредуваа на ризикот од неправилна употреба на петарди и огномет.