Пет медали за кочански Гладијатор во Прилеп

0
94

Кочанскиот џудо клуб Гладијатор изминативе денови настапи на турнирот „Градот Херој“ во Прилеп, каде во конкуренција на џудисти од 10 држави успеа да заработи пет медали.

Единственото злато за кочанчани го заработи Стефанија Павлова, а со бронзи дома се вратија Станислав Грпов, Дамјан Крстов, Нина Таскова и Андреја Минова.

Филип Манасиев турнирот го заврши без освоен медал, но на високата четврта позиција.

Организатор на турнирот беше џудо клубот Сеишин.

Кочанчани се задоволни од постигнатите резултати и најавуваат настапи на следните неколку турнири до крајот на годината, каде се надеваат на нови високи резултати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here