Пет фирми доставиле документи за изградба на градинката во Штип

0
156

Пет фирми заинтересирани да ја градат детската градинка во штипската населба Сењак. Преку електронскиот систем за јавни набавки, пет компании ги доставиле своите понуди за изградба на објектот. Комисијата за јавни набавки констатирала дека сите поднесени понуди биле со цени повисоки од проценетата вредност за предметната набавка.

По отварањето на понудите, следи фаза на евалуација односно разгледување, споредување и оценување на понудите. По ова, ќе се утврди кои од понудувачките ги исполнуваат условите за учеството на електронската аукција. Со учество на истата, фирмите ќе имаат можност да ги намалат своите првично поднесени цени. По завршување на електронската аукција, системот ги рангира понудувачките според цените, а за најповолен ќе биде избран оној кој за изградба ќе понуди најниска цена.

Инаку, вкупната вредност на проектот е 36,8 милиони денари, од кои 15,9 милиони се од Бирото за рамномерен регионален развој, а општина Штип од сопствениот буџет ќе финансира 20.9 милиони денари. Станува збор за објект кој ќе се протега на 1.643 м2 бруто развиена површина, со капацитет од 200 деца.

https://youtu.be/Yh01DZzxJrA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here