Победи за Весна Пробиштип и УГД Студент во Одбојкарската лига

0
25

 

25:18, 25:11 и 25:18 се сетовите со кои подмладениот состав на Весна Пробиштип со високи 3:0 славеше над силниот Јанта Волеј во салата „Софија Петровска“ во Пробиштип.

И покрај поразот за Јанта Волеј, тие се покажаа како екипа со потенцијал, знаејќи дека играчите се главно од младите категории.

УГД Студент пак со 25:5, 25:10 и 25:9 убедливо славеше над новиот прволигаш Дибра Волеј, за кој дебитантскиот настап значеше само 24 заработени поени, наспроти 75-те на штипјани.

Но, ако се има предвид соодносот на силите и разликите во искуството, ваквиот исход потполно беше очекуван.

Во женска конкуренција, одбојкарките на УГД загубија од екипата на  Работнички со 0:3, односно 12:25, 13:25 и 20:25 во сетови.

Вече утре во вонредното коло, штипјанки се среќаваат со силниот Тетовски Универзитет во Тетово, на натпреварот кој ќе биде со почеток од 19 часот.

Следното коло, пак во машка конкуренција, се игра викендов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here