Поддршка од Советот за пешачки мост на Брегалница во Делчево

0
79

Поддршка од делчевскиот Советот за изградба на пешачки мост на Брегалница. Советниците ја изгласаа одлуката за одвојување средства за финансиско учество на Општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење.

Вкупниот буџет на проектот е 7,5 милиони  денари од кои 65,5% ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа, а Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 34,5% од општинскиот буџет.

Тендерот за изградба на првиот пешачки мост на реката Брегалница кој ќе биде изграден од челична конструкција, ќе биде распишан наскоро. Инаку, предвидено е покрај основната намена, мостот да биде ставен во функција на туристичка понуда. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here