Познати противниците на Емил Павлов и Јована Георгиева на СП

0
36

1251 натпреварувач од 140 држави денеска во Мадрид го стартуваа Светското првенство во карате.

Штипјанецот и актуелен европски првак, Емил Павлов, стартува со белгискиот репрезентативец Мишел Дасул во категорија до 60 килограми.

Покрај Емил, познати се и противниците на Азиз Исмаил, кој се бори со Павел Аратамонов од Естонија и на Мартин Неторовски, кој стартува со Вон Рак Ким од Јужна Кореја.

Своите противници ги чекаат Давид Петков и Берат Јакупи, кои ќе се борат против победниците од првите дуели.

Во женска категорија, штипјанката Јована Георгиева се среќава со Англичанката Карла Буркит во категорија до 61 килограм.

Сара Радичевска се соочува со Шенон Ниши од САД, Наташа Стефановска со Рене Марија Вонг Алварез од Гватемала, а Моника Стефановска со Анета Ружичкова од Чешка.

Во кати Фери Исиќ се соочува со Јесе Енкамп од Финска, а Пуликсенија Јованоска со Ема Браздова од Словачка.

Она што им преостанува на нашите каратисти е да се изборат за повисок ВКФ ранг и пласман на Олимписките игри, каде, сеуште теоретски, Штип би можел да има истовремено тројца спортисти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here